Најчуствителното прашање за руските компании во моментов е падот на побарувачката, како и на целокупниот обем на малопродажната трговија, која за време на пандемијата на коронавирусот е намалена за дури 35 отсто, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-Во моментов се нарушени бројни трговски врски, а многу компании заради ограничувачките мрки трпат огромни загуби, рече Путин, пренесуваат руските медиуми.
Тоа самото зборува дека пазарот се „намалил”, наведе рускиот претседател, покјрај оценката дека тоа е и огромен шок за голем број руски компании.
Тој, истовремено, на тоа дека Русија има ресурси и резерви за активна антикризна политика во ситуација на пандемија на коронавирусот.
-Ресурсите, инструментите, резервите ги имаме. Потребно е максимално ефикасно да ги искористиме, за да можеме да го постигнеме саканиот ефект, додаде Путин.