Пет земји, постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, се согласиле да одржат самит, рекол рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров за агенцијата РИА.
Како што пренесува Ројтерс, во тек се договорите за датум и дневен ред на самитот.
Рускиот претседастел Владимир Путин во јануари предложи оваа година да се одржи самит на врвот на Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија, на кој би се дискутирало за граѓанската војна во Либија и за други глобални проблеми.