Словенечката Влада донесе одлука да ја укине обврската со која граѓаните мораа задолжително да носат заштитни ракавици кога влегуваа во продавниците и маркетите.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со новата одлука маркетите за храна, аптеките и поштите ќе мораат да обезбедат средство за дезинфекција на рацете кое ќе го употребуваат граѓаните пред влегувањето во овие објекти.
Сепак останува и понатаму да важи одлуката за задолжително носење заштитна маска или шал околу пределот на устата и носот, со цел, како што велат од Министерството за здравство, да се намалат шансите за пренесување на коронавирусот.