Државата ги ослободува компаниите од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, како и аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај оваа година, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
Двете ослободувања како мерки се донесени со владина Уредба со законска сила во време на вонредна состојба поради корона-кризата.
Ослободувањето се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам или транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети поради спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот.