Ѓоковиќ се најде на листата донатори за Бергамо

Во битката со коронавирусот која го крена целиот свет на нозе, бидејќи загрозува и одзема  секојдневно илјадници животи, најдобриот тенисер на светот Србинот Новак Ѓоковиќ и во овие тешки моменти воодушевува со своите потези, иако тенисот е во мирување. Првиот рекет одвоил голема донација за италјанскиот град Бергамо кој беше еден од најпогодените во оваа пандемија.

Италјанските медиуми ја пренесоа веста дека дека Ѓоковиќ е меѓу лицата кои направиле донации за овој град во Ломбардија.

-Никогаш не би очекувале на нашата сметка да видиме донација од престижно име во светот. Во овие времениња многу компании, поединци и асоцијации беа со нас и затоа им благодариме за нивната широкоградост. Но, читајќи ги имињата на донаторите го видовме и името на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, што и во вакви тешки моменти не воодушеви – изјави Питер Асемберг, генералниот менаџер на здравствениот центар во Бергамо.

За колкава сума на донација станува збор не се објавува, но италјанските медиуми пишуваат дека прилогот во овие тешки моменти е пристоен.

 

Треба да знаете
Последни објави