Напаѓачот на италјанскиот Торино, Андреа Белоти му е предложен на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед како ново засилување за новата сезона, пренесува „Калчомеркато”. „Црвените ѓаволи” бараат нов напаѓач и раководните лица на играчот му понудија трансфер на „Олд Трафорд”.
Дваесет и шест-годишниот Белоти има силна сезона со тимот на Торино. Од почетокот на сезоната тој има постигнато 15 гола.
Во оваа фаза не е јасно дали Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот. Во исто време, сепак, италијанскиот репрезентативец е во плановите и на друг англиски тим – Евертон.
Менаџерот Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Белоти и е подготвен да го доведе на „Гудисон Парк”.