Албанскиот претседател, Илир Мета попладнево ќе го одржи вториот состанок на Советот за национална безбедност поради „состојбата создадена од ширењето на коронавирусот”.
Имајќи ја предвид актуелната ситуација состанокот на Советот за безбедност ќе се одржи онлајн, а како и на првата седница на Советот ќе учествува и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша.
Тема на дискусија, според медиумите, се мерките преземени досега од владата, вториот финансиски пакет, како и планот за закрепнување на економијата.
На седницата, што ќе почне во 16 часот ќе учествува премиерот Еди Рама, собранискиот спикер Грамоз Ручи, како и министрите на најповиканите ресори.
Првата седница на Националниот совет за безбедност, поради состојбата со коронавирусот, Мета ја одржа на 25 март, откако истиот ден Владата прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа”на целата територија на земјата, во период од 30 дена