Мицкоски: Куманово да не биде заложник на внатрепартиските битки и суетата на Спасовски, нека прифатат да прогласат кризна состојба

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

 „Денеска е мојот шести ден во самоизолација, се чувствувам одлично и здравствено и физички. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје вам и на вашите семејства, на сите оние кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а на  медицинските лица, припадниците на МВР, армијата да им се заблагодарам за сето она што го прават за македонските граѓани и за Македонија.

Денеска ја користам оваа прилика да коментирам 4 теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово. Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација  и суета од страна на владата и техничкиот  премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово.

Ја користам оваа прилика да апелирам до него да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на  кумановчани и градоначалникот на Куманово бидејќи има време и за внатрепартиски пресметки има време и за политичка битка, сега е најважно здравјето на граѓаните и да го поразиме овој вирус којшто за жал е наше денешно секојдневие.,

Втората тема која што сакам да ја коментирам е економска и е по0врзна и е поврзана со предлогот кој што ВМРО-ДПМНЕ изминатите неколку недели гласно о артикулираше и го рефлектираше во македонската јавност, а тоа е намалување на стерилизацијата на практично на македонските банки во Народната банка и трансфер на дел од таа стерилизација во министерството за финансии т.е. директно во буџетот на Македонија, а од друга страна  тоа што ќе остане како ликвидност да биде директна поддршка за бизнисот бидејќи таа им е сега најпотребна во овие услови на пандемија.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/599508500776088/

 

Имено пред неколку дена бевме сведоци дека Народната банка донесе соопштение преку советот дека ќе го намали волуменот на благајнички записи кои што ги нуди на пазарот  од 25 милијарди или го намали за 8 милијарди на 17 милијарди денари, или го намали за од прилика 130 милиони евра, пари кои што ги остави слободни на пазарот, а веќе во текот на вчерашниот ден бевме сведоци дека министерството за финансии успеа да запише преку 6 и 12 месечни државни записи околу 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра и притоа раздолжувајќи се 25 милиони евра поради стари задолжувања, а останатите 75 милиони евра останаа во буџетот како поддршка на макро економската стабилност, а од друга страна пак останаа 2 милијарди во банките кои што апелирам до банките да ги пласираат директно до компаниите за да можат компаниите да го издржат овој навистина тежок период здрави. И да можат потоа заедно со работниците да ја повратат економската активност и да ја повратат практично 100% македонската економија. Добро е што конечно Народната банка го послуша советот на  ВМРО-ДПМНЕ кој што го рефлектираше изминативе неколку недели и успеа да дестирилизира практично околу 130 милиони евра кои што ќе бидат директна поддршка за макроекономската стабилност и буџетот на државата, а од друга страна остатокот ќе биде директна помош од банките за македонското стопанство и компаниите да го пребродат овој период.

Третата работа која исто така сакам да ја коментирам е практично исто така предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој го рефлектиравме изминатиов период а тоа е средствата кои осигурениците ги уплаќаат во вториот задолжителен приватен фонд, со времен карактер да бидат пренасочени во првиот задолжителен пензиски фонд и тоа беше во текот на вчерашниот ден преку господинот Наќе Чулев техничкиот министер во МВР презентирано пред останатите министри за време на владина седница, но за жал истата беше одбиена со едно чудно образложение кое што навистина не знам дали е примитивен инает или комплетно незнаење. Но, мислам дека е ова второто комплетно незнаење, а образложението е дека веќе во април била исплатена платата за март и второто е дека на тој начин ќе биле оштетени 500 илјади осигуреници и ќе биле одземени нивните средства. Што е комплетно неточно, имено нашата мерка беше предвидена да ги опфати периодот од први април до крајот на годината средствата кои што времено треба да се уплаќаат во од први април до крајот на 2020 година, потенцирам требаат затоа што тие не се уплатени во вториот задолжителен пензиски фонд, да бидат пренасочени во првиот задолжителен државен фонд и на тој начин да се обезбеди стабилна и сигурна исплата на пензиите за пензионерите.

Второ, е она што е најважно тоа не подразбира одземање на средствата на осигурениците туку времено позајмување за да ја поминеме заеднички оваа криза, а потоа по завршувањето на оваа криза со стапка на принос истите тие средства ќе бидат вратени во вториот задолжителен приватен пензиски фонд.  Повторно дојде до израз би рекол онаа примитивна тврдоглавост и примитивен инает којшто цело време ја карактеризира оваа влада водена од Оливер Спасовски, предлогот беше одбиен и со ова би рекол со изговори кои рефлектираат би рекол на едно големо незнаење во оваа влада, што навистина мене ме загрижува и треба да ги загрижува граѓаните и треба да ги загрижува и осигурениците и пензионерите и стопанството во нашата држава.

И четвртата тема која што сакам да ја коментирам, а тоа се оние настани кои се случуваа во општината Гази Баба во минатите денови, во делот на населбата Сингелиќ, каде што една помала толпа на граѓани се обиде да манифестира револт прекршувајќи го законот и прекршувајќи вонредната состојба која што владее во државата, притоа доведувајќи ги во опасност и сопствените но и загрозувајќи ги животите на сограѓаните. Истовремено сакам да изразам полна поддршка на техничкиот министер на МВР г-дин Наќе Чулев кој што делуваше резолунтно и веднаш поднесе кривична пријава против трите лица кои практично го иницираа сето ова кое потоа следуваше а беше манифестирање на револт и групно кршење на законите и вонредната состојба во државата.

Истовремено го охрабрувам МВР да извршат целосна идентификација на сите оние лица кои што го прекршија законот и вонредната состојба во државата и ги доведоа во опасност животите на нашите сограѓани и против истите да бидат поднесени соодветни пријави како кривични така и прекршочни поради тоа што ги прекршиле законите и ја прекршиле вонредната состојба која што во моментот е акивна во Македонија. Законот мора да важи за сите, без разлика на партиската припадност или партиската не припадност, без разлика на националната припадност, законот мора да важи за сите на целата територија на Република Македонија.

Сосема на крај би сакал до сите граѓани на  нашата држава да упатам апел да ги почитуваат препораките на СЗО бидејќи на таков начин се штитат самите себе но и го штитат здравјето на нашите сограѓани. Најпрво да ја поразиме здравствено пандемијата, затоа што само здрави луѓе можат Македонија да ја вратат на победнички пат.

 

Треба да знаете
Последни објави