Националната опера и балет се приклучува во практичната помош за заштита од ширење на коронавирусот со шиење на заштитни маски изработени во шивалните од одделот за костимирање.
Националната установа вчера донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените на Министерството за култура, акција која ќе продолжи и утре.
Од Националната опера и балет велат дека деновиве нивните соработници во шивалните ќе изготват уште 1 илјада заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни.