Во периодот од 1 до 14 април, Хелсиншкиот комитет добил 56 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 363 работници.
За отпуштање од работа добиени се девет пријави кои опфаќаат 67 вработени, 16 пријави се поднесени за принудно спогодбено раскинување на договорите за вработување, а со нив се опфатени 264 вработени.
Четири работници поднеле пријава за принудно користење на годишниот домор или неплатено отсуство, а 60 работници поднеле пријави за намалување на платите.