Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Жозеп Блатер е уверен дека е можен трансфер на Мундијалот во 2022 година што треба да се игра во Катар.
– Соединетите Американси Држави може да бидат домаќини во 2022 година наместо 2026. Тие се способни, ова не е научна фантастика! Јапонија исто така може да го стори тоа. За среќа, ќе има само 32 екипи, а не 48. Не е потребен голем организациски напор. И Германија може да биде домаќин на турнирот. Но, ова ќе значи дека по 2018 година Мундијалот повторно ќе се организира во Европа. Поради тоа Европа нема да биде првата опција, изјави Блатер за германски „Билд”.
Изјавата на поранешниот прв човек на ФИФА доаѓа, откако претходно беше распишан обвинителниот акт за мито на службеници на организацијата при изборот на домаќините на Светските првенства 2018 (се играше во Русија) и 2022 година.