Холивудскиот актер Бред Пит (56) направи добро дело за својата долгогодишна пријателка со тоа што реши да ја реновира нејзината куќа.
Бред Пит им се придружил на Дру и Џонатан Скот во нивната најнова емисија и одлучил на својата пријателка и шминкерка Џин Блек да ѝ обезбеди подобар дом.
Тој не само што го избрал дизајнот на ентериерот туку и учествувал во уривањето на постарата конструкција.
Кога ја избрал Џин за изненадувањето, 56-годишниот актер зборувал за пријателството со неа и зошто сакал да ѝ помогне.
„Таа е моето семејство, ние сме како брат и сестра. Таа е личност што многу ја ценам во мојот живот“, рече Бред.
Џин заминала на пат три недели, а во тој период во емисијата браќата Скот ја обновија нејзината гаража со помош на Бред Пит, а кога се вратила и видела што е направено, таа почнала да плаче.
Во нејзиниот дом во Санта Моника, покрај гаражата, биле преуредени нејзиното студио за шминкање, спалната соба, кујната и бањата.
Џин останала без зборови кога ја видела реновираната куќа и за малку ќе заплачела, а потоа им се заблагодарила на нејзиниот долгогодишен пријател и на браќата Скот.