Вечерната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржала со верници, иако е на сила полициски час, а и покрај препораките се да не се оди во црква .
Камерата на 24 Инфо забележа неколку верници во внатрешноста на храмот, а во еден момент на влезот излезе свештено лице кое не забележа. Поблиску не можеше оти капиите од дворот на храмот беа заклучени со катанци.
За разлика од Соборна, црквата „Свети Димитрија“ беше затворена.
И покрај препораките да се остане дома, утрово на Велики четврток кога и официјално почнуваат велигденските празнувања, верниците ги посетија црквите за да се причестат по едномесечниот пост.
Пред Соборниот храм во Скопје се чекаше ред за влез, а слична беше сликата и во повеќето цркви низ Македонија.
Со дезинфицирани икони, но со една лажичка и од една чаша за вино за причесна, свештените лица ја продолжија традицијата и покрај вонредната состојба и опасноста од ширење на коронавирусот.