Во Албанија регистарирана е уште една жртва од Ковид-19, со што бројот на починатите се зголеми на 26 лица.
Како што информираше Силва Бино од Инситутот за јавно здравје денеска во болницата „Шефќет Ндроќи” починала 64-годишна жена од Тирана, која во изминатите две недели била интубирана.
– Во последното деноноќие тестирани се 269 сомнителни случаи, од кои 53 здравствени работници. Позитивни се 24 лица, од кои шесттмина се здравствени работници. Споредено со вчера имаме пет случаи повеќе. Најголем број од новозарзаените се од Скадар или 12, додека првпат еден случај е регистриран во Малакастра, истакна Бино.
Според неа до сега во земјата тестирани се 4.827 сомнителни случаи и од нив дијагностицирани се 518. По градови најголем број заразени се во Тирана, 241, потоа во Скадар 83, Драч 42 лица и Фиер 35 лица.
Од вкупната бројка на тестирани над 800 се здравтсвени работници при што помалку од девет отсто од тестираниот персонал е зарзен, а над половина од нив оздравеле.
Во последното деноноќие 26 пациенти се оздравени или вкупно до сега битката со коронавирусот ја добиле 277 лица.
Во моментот во Клиниката за инфективни болести и во болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 43 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија, додека тројца се интубирани