Во Нигерија убиени 18 луѓе поради спречување на ширењето на коронавирусот

Нигериските безбедносни служби убиле 18 лица како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, бројка која е поголема и од смртните случаи од Ковид-19 во земјата, соопшти Организацијата за човекови права во земјата.

Според официјалните бројки, од коронавирусот досега во Нигерија се заразени 407 луѓе, од кои 12 починале.

Безбедносните сили, вклучително и полицијата и армијата, се одговорни за спроведување на ограничувањата во државата, но тие истовремено предизвикуваат и смртоносни конфронтации во некои држави.

Во извештајот објавен доцна во средата Националната комисија за човекови права соопшти дека примила и документирала „105 претставки за инциденти за кршење на човековите права извршени од безбедносните сили“ во 24 од 36 држави во Нигерија и во Абуџа.

Од овие поплаки, „имаше 8 документирани инциденти на вонсудски убиства што доведоа до 18 смртни случаи“, се вели во извештајот.

„Со оглед на тоа што Ковид-19 доведе до смрт на 12 жртви, агентите за спроведување на законот вонсудски погубија 18 лица во име на каузата на прописите за извршување“, се додава во извештајот.

Комисијата прстот го вперува кон безбедносните агенти за „прекумерна или непропорционална употреба на сила, злоупотреба на службената должност, корупција и непочитување на националните и меѓународните закони“.

Треба да знаете
Последни објави