Во Јужна Кореја излекувани од Ковид-19 повторно позитивни, причината непозната

Вкупно 141 лица кои биле излекувани од новиот коронавирус, на дополнителни тестови биле повторно позитивни, објави денеска јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Заменик директорот на Центарот Квон Jон-Вок изјави дека агенцијата не знае која е причината зошто луѓето повторно биле позитивни на тестовите и оти експертите спроведуваат истражувања.

Повеќе експерти сметаат дека е малку веројатно некој повторно да се зарази откако бил излекуван од коронавирусот.

Можно е прашањето за тестирањето – или различните количини на РНК во телото што се тестира – да може да објасни зошто луѓето се позитивни после негативен тест, пренесува Си-Ен-Ен.

Квон рече дека владата испитува примероци од пациенти за да утврди дали овие случаи можат да бидат заразни. Квон рече дека за студијата се потребни две недели.

– Нашите вработени деноноќно работат за да соберат примероци и да спроведат студии, изјави Квон.

Треба да знаете
Последни објави