Гутереш: Само вакцина може да го врати чувството за нормалност во светот

Сигурна и ефикасна вакцина ќе биде единственото средство што ќе овозможи да се врати чувството за нормалност во светот, изјави  синоќа генералниот секретар на ОН. Антонио Гутериш, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи пред крајот на годината, пренесоа француските медиуми.

Првиот оперативец на светската организација ги поздрави напорите на неколку африкански влади за олеснување на  последиците од пандемијата.

Меѓу нив тој ги посочи Уганда, која го одложи плаќањето на данокот за бизнисот, Намибија, која дава помош на луѓето кои ја загубиле својата работа, како и Кабо Верде, која обезбедува помош во храна и Египет, која ги намали даноците во индустријата.

Треба да знаете
Последни објави