Злогласен мафијаш меѓу затворениците ослободени поради коронавирусот во Турција

Еден од шефовите на турската мафија е пуштен на слобода по одлуката на властите да ги ослободат затворениците за да го спречат ширењето на коронавирусот во преполните затвори, јавуваат локалните медиуми.

Турскиот парламент донесе закон кој дозволува ослободување на десетици илјади затвореници изложени на ризик од пандемијата на коронавирусот во преполните затвори.

Според новиот закон, Алатин Чакичи, обвинет за поттикнување на убиство и други престапи, беше ослободен од затворот во Синкан, објавија дневниот весник „Хабертурк“ и приватната новинска агенција ДХА. Според снимката, мафијашкиот бос го напуштил затворот во конвој возила.

Чакичи, многу близок до лидерот на МХП Девлет Бахчели, беше осуден на доживотен затвор во 2006 година бидејќи наредил убиство на неговата поранешна сопруга, но во 2018 година казната била променета во затворска казна од 19 години и два месеци. Бахчели го посетил Чакичи во затвор и повикувал на негово ослободување.

Според амнестијата, околу 90.000 затвореници ќе бидат ослободени од затвор пред да ја издржат целата казна.

Одлуката беше критикувана од невладините организации бидејќи не предвидува ослободување на осудените за „тероризам“, вклучувајќи бројни новинари, јавни службеници, адвокати и претставници на политичката опозиција.

Треба да знаете
Последни објави