Израелскиот претседател Рувен Ривлин побара од Кнесетот да избере нов премиер и им даде на пратениците три недели за да се договорат за лидер. Во спротивно, земјата се соочува со нови парламентарни избори, четврти во една година.
Ривлин ја донесе одлуката откако актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот началник на армијата и лидер на партијата Сино и Бело, Бени Ганц, не успеаја да договорат коалициска влада.
„Се надевам дека членовите на Кнесетот ќе можат што поскоро да се договорат за формирање мнозинство и со тоа да спречат четврти парламентарни избори, напиша Ривлин во писмото до израелскиот Парламент.