Плукањето во јавност во Индија ќе се казнува со парична казна и со затвор до една година, објави владата, бидејќи бројот на заразени со коронавируси надминува 12.000 луѓе.
Плукањето на улица е широко распространет проблем во земјата со население од 1,3 милијарди и ги попречува напорите за спречување на ширењето на болеста. Плукањеto по џвакање тутун, лисја од чај, палмини ореви и слични производи е вообичаено во Индија и во некои сојузни држави се казнува со години, но повеќето луѓе не го сфаќаат тоа сериозно.
Неодамна, имаше неколку инциденти во кои заболени од „Ковид-19“ плукаат по медицинските работници.
„Вирусот се пренесува со капки, а плукањето е опасно, затоа треба да воведеме построги казни“, рече портпаролот на индиското Министерство за семејство.