Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челси, Оливие Жру сè уште е интересен за италјанскиот Интер. Миланскиот клуб сакаше да го ангажира 33-годишнИОТ Французин уште во јануари, а сега има намера да го стори тоа на крајот од сезоната, кога фудбалерот може да биде без договорна обврска.
Жиру е подготвен да замине во Интер дури и со помала плата ако му понуди 3-годишен договор. Во моментов, напаѓачот заработува осум милиони евра годишно.
Интер, пак, се согласува да склучи договор со него според шемата „2 + 1″, додека платата на Жиру д абиде околу 6,5 милиони евра. Толку добиваат и Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, најплатените играчи на клубот.