Со цел да се заштитат бездомните мали животни, Министерството за внатрешни работи на Грција додели финансиска помош во висина од 1.410.500 евра на 244 грчки општини, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретните средства се наменети за снабдување со храна, лекови и останати трошоци наменети исклучиво за бездомните животни кои се во надлежност на општините.
Финансиската помош се движи меѓу 1.500 и 15.000 евра, во зависност од општината, со исклучок на општина Атина што добива 20.000 евра.