Холивудската ѕвезда Мет Дејмон деновиве се наоѓа во ирското гратче Далки, каде што постојано се дружи со околните жители кои, според нивните коментари – го засакале како свој.
„Мет Дејмон е заглавен во Далки со недели. Снимањето на неговиот филм е ставено во мирување, па тој е во изолација со своите кучиња”, гласи еден коментар на Твитер.
Глумецот, инаку го снимаше последниот филм на Ридли Скот – „The Last Fuel” пред 27 март, кога подрачјето беше затворено поради мерките против коронавирусот.