Од вкупно 40 потврдени случаи на КОВИД 19 во Куманово, десет се на членови на кризниот општински штаб за заштита и спасување, потврдија за Телма од центарот за јавно здравје во Куманово.
Меѓу заразените се и претседателот на штабот, градоначалникот Максим Димитриевски. Во штабот учествуваат претставници на МВР, на АРМ, на ЦУК, на дирекцијата за заштита и спасување, на сите општински и државни комунални и јавни служби и на министерства, како и претставници на противпожарната бригада од градот.
Меѓу потврдените има и тројца припадници на противпожарната бригада во Куманово.
Меѓу 40-те заболени е и еден лекар од кумановската болница. Членовите на кризниот штаб се асимптоматски случаи и се на домашно лекување.
https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/1866700636793701