Повеќе од половина милион луѓе се излечиле од коронавирус ширум светот, поточно 515.108 луѓе, според најновите податоци на „Worldometers“.
Бројот на потврдени случаи денеска достигна 2.084.042, додека 134.669 починале.
За помалку од две недели, бројот на заразени ширум светот се зголеми за еден милион. Ова покажува дека ширењето на вирусот е забрзано, со оглед дека бројот од милион заразени е регистриран на 2 април, повеќе од три месеци по избувнувањето на епидемијата во Кина.
Според податоците, САД се земја со најголем број заболени и најголем број жртви, а Европа е најпогоден континент.
Во САД, 28.554 луѓе починале како резултат на коронавирус, додека потврдени се 644.348 случаи. Излекувани се 48.708 пациенти.
Во Европа се заразени скоро еден милион луѓе, потчно 966.005 , додека 87.861 луѓе починале од вирусот.
Во Европа најголем број на смртни случаи има во Италија, 21.645, од 165.155 потврдени случаи. Излекувани се 38.092 пациенти.
Во Шпанија се потврдени најголем број случаи во Европа – 180.659, а починале 18.812 лица, излекувани се 70.853.
Во Франција има 147.863 заразени, 17.167 починати и 30.95 излекувани.
Германија има 134.753 заразени, 3.804 починати и 77.000 излекувани, а во Велика Британија се потврдени 98.476 заразени и 12.868 жртви.
Во Кина, каде се појави вирусот на крајот на декември минатата година, 82.295 луѓе беа заразени со коронавирусот, а 3.342 починаа.