Повторна дезинфекција на јавните површини во Аеродром

 

Службите на Општина Аеродром денеска вршат повторна дезинфекција на јавните површини како една од мерките за заштита од Ковид-19. Дезинфекција се врши на пешачките патеки, парковите, клупите за седење, детските и спортските игралишта.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави