Пулмологија доби протокометри за кислород, бронхоаспиратори и ХМЕ филтри

Два протокомери за кислород со овлажнувач, бронхоаспиратор со погон на централен вакуум, бронхоаспиратор на електрична енергија и 50 ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

Од Клиниката информираат дека станува збор за донација од фирмата Винора Дооел Скопје, вредна 200.000 денари, што ќе помогне во справувањето со коронавирусот.

– Ваков хуман гест се надеваме ќе потикне повеќе компании да дадат свој придонес со донации на клиниките кои се во прва линија во борбата против Ковид-19, посочуваат од Клиниката.

Треба да знаете
Последни објави