Рош Македонија ДООЕЛ Скопје како општествено одговорна компанија одлучи да изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година во целост. Односно веднаш е исплатен вкупен износ од 1.648.782,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи. Со оваа одлука имаме за цел да придонесеме за зголемување на ликвидностa на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзото ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата.