Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека плановите на Ла Лига да го обнови шпанскиот фудбалски шампионат тешко ќе се исполнат. Првенството е прекинато од 10 март, но Хавиер Тебас минатата недела објави дека може да се обнови на еден од трите датуми – 29 мај, 7 јуни и 28 јуни.
Претседателот на Федерацијата додаде дека доколку не се играат последните 11 рунди, клубовите ќе изгубат 1 милијарда евра во права на телевизија.
– Сите сакаат да бидат подготвени за обновување на сезоната, но тоа нема да се случи пред здравствените власти да ја гарантираат безбедноста на играчите и навивачите. Го прочитав протоколот и не сум сигурен дали може да се спроведе како што е напишано. Ова нема да функционира и е многу тешко чисто логистички, изјави Тебас за „РАЦ1″.
Ла Лига одби да одговори на Сетиен или да објасни што точно претставува овој протокол за обнова на првенството, но извор, близок до ситуацијата, раскажа за заеднички планови и координација меѓу водечките европски асоцијации.
– Целта на Ла Лига е да изготви официјален протокол со највисок стандард, кој ќе им овозможи на фудбалерите да тренираат. Целта е конечно да ја видат светлината во тунелот, рече извор близок до разговорите.
Според играчот од средниот ред, Серхио Бускетс, кој зборува за радиото „Онда Черо” и „Кадена Копе”, екипите ќе бидат изолирани на кампови додека трае пандемијата: „Можеме повторно да започнеме со тренинзи, но ќе стане многу тешко кога ќе го обновиме првенството и повторно ќе започнеме со патувања. Слушнав дека сакаат да завршат за неколку месеци, што е премногу и не е изводливо. Ќе има премногу проблеми”.
Повеќе од 19.000 луѓе ја изгубија битката со коронавирусот во Шпанија, иако владата ги опушти строгите мерки за изолација оваа недела и некои бизниси продолжија со работењето.