Тројца доктори од Клиниката за пуломолгија се заразени со корона вирусот, со што бројот на заболени во оваа клиника достигна 7, потврди за Телма директорот на пулмологија Дејан Докиќ.
Тој потенцираше дека ниту еден од здравствените работници не се заразил од пациент туку дека првозаразената која е медицинска сестра во клиниката го донела вирусот од местото на живеење, Куманово. Минатата недела позитивни на корона испаднале уште тројца медицински работници кои се заразиле од неа, а денеска се потврдени на Ковид 19 се уште тројца доктори.
Докиќ во разговор за Телма истакна дека во клиниката сите што работат со пациенти ги почитуваат протоколите и носат целосна заштитна опрема, но потенцираше дека за жал овие доктори и медицнски лица се заразиле меѓусебе, претежно додека престојувале во чајната кујна на клиниката.
Според последните податоците на Институот за јавно здравје заклучно со завчера во земјава се регистрирани се 143 случаи на заболување меѓу здравствени работници.