Бруклин Бекам, синот на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (44) и поранешната членка на групата „Спајс грлс“, Викторија Бекам (45), е во врска со нова девојка, со која тие се многу задоволни.
Поточно, Бруклин Бекам (21) е во врска со ќерката на американскиот милијардер Нелсон Пелк (77) и со неа го поминува времето во карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Бруклин ја користи секоја можност на социјалните мрежи да ја искаже својата љубов кон новата девојка Никола Пелц (25), која е четири години постара од него и која се занимава со глума.
Додека тој не ја крие својата заљубеност и среќа што ја најде кај американската актерка, се чини дека и неговите родители конечно ја одобруваат неговата избраничка, по толку многу девојки.
Никол е ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелц чие богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти и е многу поголемо од богатството на Бекамови, кое минатата година е проценето на „само“ 350 милиони фунти.
https://www.instagram.com/p/B-zp8yFhSt9/
Бруклин и Никола се во врска четири месеци, а таа веќе го запознала неговото семејство и била на големата прослава на неговиот 21. роденден во Лондон што му ја организирале родителите, каде што танцувала и со Викторија на песната на Глорија Гејнор „I will survive”, па може да се претпостави дека двете станале вистински пријатели.
Младата двојка моментално се наоѓа во станот на Никола во Њујорк, каде што се во изолација поради коронавирусот, а Дејвид и Викторија се надеваат дека дополнителната блискост што ја имаат за време на кризата предизвикана од коронавирусот уште повеќе ќе ја зајакне нивната врска.
„Дејвид и Викторија дадоа голем благослов за нивната врска. Тие ги поддржуваа повеќето врски на Бруклин, но за оваа навистина сакаат да успее“, рече нивен близок пријател.