ДОМ: Институциите да ја спречат нелегалната сеча на шумите

Зелената партија ДОМ бара Шумската полиција и ЈП Национални шуми да ги интензивираат сите активности за спречување на нелегалната сеча на шумите.

„Апелираме МВР да обезбеди асистенција при откривање на дрвокрадците, а надлежните правосудни институции нивно ефикасно санкционирање“, велат од ДОМ.

Партијата нагласува дека загрижуваат објавените информации за зголемена нелегална сеча на Плачковица, дури и за време на полициски час. Додека целото општество е посветено на справување со корона кризата, велат од ДОМ, дрвокрадците продолжуваат да ги пустошат шумите.

Истражувањата на кои се повикува ДОМ, покажуваат дека финансиската штета поради нелегалната сеча во Македонија изнесува околу 10 милиони евра годишно. Сепак, од зелената партија додаваат дека штетите по животната средина, климата и здравјето на луѓето се непроценливи.

Треба да знаете
Последни објави