Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека 16 припадници на МВР се позитивни на коронавирус, а едно лице починало.
„Ние како МВР имаме регистрирано 16 припадници кај кој што е идентификувано присуство на вирусот корона“, посочи Чулев.
Тој додава дека имаат интерно упатство, а има и доволно опрема за полициските службеници.