ЕК призна дека биле затечени од коронавирусот и дека не можеле да и ја понудат на Италија потребната помош

Во обраќањето до Европскиот парламент (ЕП) таа ги повика земјите членки на ЕУ на солидарност, истакнувајќи дека „никој не беше подготевн ” кога епидемијата беше штотуку појавена, пренесе јави агенцијата Анадолија.

-Никого немаше кога помошта на Италија и беше најпотребна. Зaтоа длабоко и се извинувам во името на цела Европа, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека сега е многу важно да се промени тој пристап и однесување.

„Европа брзо сфати дека треба да ги штити сите за на тој начин и себе си да се заштити, рече претседателката на ЕК.

Таа додаде дека Европа, по сето ова, повторно е солидарна и делува заеднички, додавајќи дека таа е горда на тоа што е Европјанка.

Фон дер Лајен истакна дека најпотребната медицинска опрема „се превзува во сите правци” во Европа и дека сите земји членки почнаа меѓусебно да се поддржуваат

На крајот таа порача дека Европа сега треба да ги остави сите свои разлики и поделби зад себе и да делува единствено.

-Во новиот свет ни се потребни храброст, доверба и солидарност, кажа Урсула Фон дер Лајен во Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави