Загадувањето во некои земји на ЕУ намалено и до 50 отсто

Поради пандемијата од коронавирусот нивото на загадување во некои земји од ЕУ се намалило за околу 50 отсто, соопшти денеска Европската вселенска агенција (ЕСА).

Стопанствата работат со половина сила, граѓаните се движат многу ограничено, границите се полуотворени за транзитниот сообраќај…

Поради ова не чуди фактот што нивото на азот диоксид во некои градови е намалено и за 50 проценти. Падот се совпаѓа со строгите мерки за карантин воведени низ цела Европа, пренесува Си-ен-ен.

Подобрување на квалитетот на воздухот е видливо во Франција, Шпанија и Италија.

Во Париз, е највидлив падот на азот диоксид од дури 54 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека во Мадрид, Милано и Рим, нивото на азот диоксид е намалено за околу 45 проценти.

Треба да знаете
Последни објави