Земјотрес во Индонезија со јачина од 5,6 степени

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Индонезија, сопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот е лоциран 84,5 километри северо-западно од Тематe на островот Малуку, каде живеат околу 100 000 луѓе. Потресот бил на длабочина од 29 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Треба да знаете
Последни објави