Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи завршниот турнир во машката Лига на шампионите за 28 и 29 декември, откако Германија каде се одржува завршницата во Келн одлучи да ги забрани сите масовни собири до 31 август. Завршниот турнир во ЛШ беше закажан за 30 и 31 мај во „Ланксес Арена“ во Келн, но поради пандемијата со короавирусот следуваше поместување за 22 и 23 август.
По одлуката на Германија и тој термин стана неважечки. Како ќе заврши меѓународната клупска сезона 2019/2020 ЕХФ сеуште нема решение. Неизвесно е дали елитното купско натпрераврување ќе продолжи со осминафиналните и четвртфиналните средби за да се стаса до завршниот турнир или и мтука ќе следуваат модификации. ЕХФ за ова ќе расправа на 24 април.
ЕХФ е во постојана комуникација со организаторите и на женскиот Ф4 и на машкиот Ф4 во ЕХФ Купот, Будимпешта и Берлин, за кои се очекува да бидат одредени нови термини.