Пендаровски: Владата за 24 часа да реши дали Куманово ќе биде во карантин

Сметам дека владата за 24 или 48 часа, ќе треба да реши дали целосно или делови од елементите на моделот затворање на Дебар да ги примени и на Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

Според него, ситуацијата во Куманово е лоша, трендовите се негативни. Таму има приличен број на заразени и здравствени работници.

Тој додаде дека ситуацијат во Куманово се усложнува и дека таму ќе треба посебен фокус и внимание и можеби да се примени успешниот модел од Дебар и Центар Жупа, со оглед дека се работи за општина со над 120.000 жители и со самото тоа претставува огромен потенцијал за ширење на вирусот. Пендаровски рече дека негативни се трендовите и во Прилеп.

Меѓу денешните нови 43 случаи на ковид-19 во Куманово, е и градоначалникот Максим Димитриевски, со кој вчера имаа средби техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми. По веста од Димитриевски дека е позитивен на ковид-19, премиерот и министрите се испратени во самоизолација. Освен Димитриевски, заболени се и девет члена на кризниот штаб.

 

Треба да знаете
Последни објави