Полјак заразен од коронавирус избегал од болница во Сараево

Побегнатиот пациент бил државјанин на Полска кај кој е потврден коронавирус.

Од карантинот на клиниката Подхрастови самоиницијативно излегло лице заразени од коронавирус, потврди Мирза Хаџиабдиќ од управата на полицијата на МВР на Кантонот Сараево.

Хаџиабдиќ за босанските медиуми рече дека полицијата нешто пред 16 часот е известена дека едно лице самоиницијативно пеш се оддалечило од изолација од клиниката во Подхрастови, како и дека е позитивен на коронавирус.

 

Инаку ова не е прв пријавен случај во БиХ лица заразени од коронавирус да побегнат од објект за изолација. Две заразени лица со коронавирус кон крајот на март побегнаа од објект за изолација во Бања Лука.

 

Треба да знаете
Последни објави