Рускиот претседател Владимир Путин го откажа воениот марш поради коронавирусот, кој требаше да се одржи на Денот на победата – 9 мај по повод 75-годишнината од советската победа во Втората светска војна.
Кремељ за оваа година планираше помпезна свеченост со присуство на голем број светски лидери, но Путин изјавил дека не постои друга опција освен да се откаже настанот.
„Ризикот поврзан со епидемијата кој се уште не е на својот врв е екстремно висок. Тоа не ми дава право да започнам со
подготовки за маршот и други јавни настани“ рекол Путин во обраќање емитувано на државната телевизија.
Коронавирусот во Русија овој месец почна да се шири експоненцијално, иако во првата фаза од епидемијата Русија имаше малку заразени.
Денеска се потврдени 3.448 новозаразени, што е најголем дневен пораст. Вкупно потврдени случаи се 27.938 лица, а починале 232.