САД сметаат дека Русија извршила експерименти поврзани со нуклеарното оружје, што предизвикале ослободување нуклеарна енергија, се наведува во изештај на Стејт департментот, што му е доставен на американскиот Конгрес.
Стејт департментот, истовремено, истакна дека нема информации за тоа дека Русија ги изведувала таквите експерименти во 2019 година.
„Постои можност Русија да врши испитувања на тој начин што нуклеарната енергија ја ослободува од контејнери за експлозив. Тоа предизвикува загриженост заради обврските на Русија да информира за нив согласно договорот, истакна надворешнополитичкиот ресор на американската политика
Во документот, исто така, се изразува загриженост дека Москва можеби не ја почитува обврската да го информира Вашингтон за нуклеарните експерименти во согласност со Спогодбата за лимитот на силата на подземните нуклеарни проби од 1974 година, меѓу тогашниот Советски сојуз и САД, пренесуваат руските медиуми.
САД, истовремено, не ја обвинуваат Русија за кршење на договорот.
Ставот на Стејт департментот е дека Москва треба да го информира Вашингтон за таквите експерименти, за потоа американската страна да може да изврши верификација на испитувањата во врска со протоколот од спогодбата.
Русија засега не го коментираше споменатиот извештај.