Велигден во услови на коронавирус. Без одење во цркви на литургии, без семејни посети, печења на заеднички јагниња во друшво, без размена на црвени јајца, симболот на празникот.ККовид 19 годинава е причина Велигден да го поминеме дома со семејството и секој наместо туѓите, да си ги јаде своите јајца. 24 инфо ги праша политичарите, градоначалниците, Гувернерката, но и музичарите и актерите како се подготвуваат за Велигден и за еден нов за нас непознат начин на славење. За некои седењето дома е благодет и дружење со семејството, за други слободно време за нови креативни идеи, за трети можност за ново пронаоѓање на себе си.
Гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска денес пред изегрејсонце ги исфарбала првите јајца за Велигден.
-Велигденските празници, секако ќе ги поминам дома, само со семејството, придржувајќи се до мерките и препораките за заштита на здравјето. Заедно со помалата ќерка Надја, утрово, пред изгрејсонце ги вапцавме првите велигденски јајца. Сепак, и во празничните денови ќе мора да посветам и на работата, за соодветно да се одговори на предизвиците коишто пандемијата ги задава на македонската економија- вели Бежовска.

За градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ сега работното време завршува до 14 часот. Потоа шета на воздух до 16 и пред полицискиот час е дома.
-Генерално доработувам и од дома ако има потреба, се координираме по групи на социјални мреѓи или на телефон за следниот ден како ќе работиме. Навечер сум дома но излегувам да ги проверам пунктовите како прв човек на кризниот штаб на општината. Ако не излезам гледам филм, читам книга. За време на Велигденќе бидам дом заедно со семејството без одење во црква онака како што доликува- вели Богдановиќ.
Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Mанчевски вели дека борбата со Ковид 19, на сите нас ни го помести нормалниот тек на живот, но за да може системот да продолжи да функционира неопходна е дигитализација на што повеќе процеси.
– Од аспект на работа, во редовниот работен ден нема големи промени. Најголем дел од денот и сега како и претходно го поминувам на работа, со голем број на состаноци кои сега ги водиме онлајн. Паралелно работиме на повеќе проекти и апликации со цел да овозможиме испорака на сите услуги до граѓаните по дигитален пат. Секојдневно учествувам во работата на Кризниот штаб, а речиси секој ден се одржуваат и седници на Владата. Така што во овој дел интензитетот на ангажманите е зголемен- вели Манчевски. Тој вели дека останатиот дел од денот го поминува единствено во кругот на моето најтесно семејство.

– Се вративме на некои можеби заборавени игри со децата, и имаме повеќе време да учиме и да се дружиме. Велигденските празници ќе ги поминам заедно со мојата сопруга и децата во својот дом. За сите мерки, посветената работа на медицинските лица и на сите чинители во општеството да вродат плод, мораме сите да бидеме внимателни и да седиме дома за престојниот продолжен викенд. Само од нас зависи колку долго ќе трае ова состојба и колку брзо ќе може да се вратиме во нормален живот- вели Манчевски.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров вели дека празникот ќе го помине со семејството во домашна атмосфера.
-За време на полицискиот час, како и сите граѓани, обично сум дома. Но, секогаш во тек со случувањата и на линија со полицијата, а често е присутен и во полициската станица каде на лице-место и во координација со чуварите на редот ги следи настаните, како прв човек на Општинскиот кризен штаб. Општината ги презема сите потребни чекори, во рамки на своите можности за заштита на населението од вирусот, а ги скрати и сите непродуктивни трошоци во насока на штедење. “Горд сум што жителите на Ѓорче Петров се покажаа како доста дисциплинирани во однос на мерките и полицискиот час, со ситни прекршоци. Апелирам и во текот на празничниот карантин граѓаните да останат во своите домови, бидејќи само социјалната дистанца ќе ги намали последиците од пандемијата”

Екс таткото на Скопје, Коце Трајановски празниците ги поминува дома.
-Велигден е семеен празник. Како и секоја година и оваа ќе бидам дома. Празникот е семеен и така ќе го поминам- вели Трајановски.
Професорот Јове Кекеновски периодот на изолација го користи да се врати на неговата прва љубов, хармониката. Поготвува нов материјал и вели дека ќе не изненади сите на есен.
-Го поминувам времето спремајќи предавања, но и за враќање кон мојата прва љубов хармониката. Не сум свирел 25 години. Почнав да свирам откако почна полицискиот час и свирам постојано. Спремам нови композиции на есен и еден концерт. Ќе им покажам дека и професорот може да биде добар уметник. Им досадувам на моиве дома од премногу вежбање, но тоа е тоа, низ смеа вели Кекеновски.
Актерот Атанас Атанасовски, од Театар комедија за 24 инфо вели дека се чувствува како во карантин пред натпревар.
-Така јас го доживувам периодот кој го живееме. Ко да се спремам за нешто големо.Постојано размислувам за следната театарска претстава. Мислам дека ќе биде најдобра во сите театри. Сите мои колеги,режисери драматурзи замислете да се вратат во театарот одморени. Атмосверата на пробите ќе биде атомска. Насмеани што сме во размислувачко-креативен процес, ќе влеземе во светови кои не се како нашиот . Замислете само колку идеи се поминати низ главите на сите театарџии колку само можности се промислени… вака да биде така да биде. Опции, ќе биде добро- вели Атанасовски.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски за 24 инфо вели дека мерките за заштита на здравјето на граѓаните коишто надлежните институции ги преземаат влијаело врз неговите досегашни.
-Но сепак се наоѓаат начини, со новите технологии, да се извршуваат обврските. Секако седењето дома остави повеќе простор за дружење и повеќе моменти со семејството, со најблиските. Она што нам кои се бавиме со политика често ни недостасува. Како и речиси сите граѓани и јас за време на забраната за движење сум дома со моето семејство каде што ги комбинирам и приватните и професионалните обврски. Освен редовните онлајн состаноци, заедно со мојата сопруга сакаме да готвиме, да гледаме некој филм, гледаме фамилијарни албуми од детството, се сакаме, разговараме длабински на разни теми и на некој начин се ова е нашиот меден месец. Правиме планови, уживаме во едноставноста и мирот, помагаме и ги поставуваме темелите на нашиот заеднички живот- вели Николовски.
За време на најголемиот христијански празник Велигден, заедно со неговата сопруга ќе бидат во семејната куќа во Крива Паланка.
-Овде ќе ја дочекаме веста за Христовото воскресение со молитва за здравје и оваа криза да помине што поскоро. Ќе ги искористиме дигиталните алатки за комуникација за да си честитаме со нашите роднини, со нашите пријатели и колеги, затоа што е важно овој празник годинава да го минеме во своите домови. Апелирам сите граѓани да се придржуваат до овие препораки и задолженија, затоа што само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје, ќе го заштитиме здравјето на оние околу нас- вели Николовски.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски вели дека изминатиов период сите заедно живееме тешко време, соочени со последиците предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.
-Во овие тешки времиња за сите нас, јас со мојот тим сме во во постојана комуникација со граѓаните од социјално загрозените семејства, со цел да им помогнеме во овие тешки денови. За време на полицискиот час сум дома, каде што ги извршувам тековните работни обврски и координација со тимот и домашни обврски околу дворот и садење на дрвја. Големиот празник, денот на Христосовото Воскресение – Велигден , ќе го поминам дома со семејството, како што налага ситуацијата- вели Смилевски.

За Бени Шакири полицискиот час кој го донесе короната е ретка шанса да бидеш толку време заедно со најблиските и да нема друг избор.
-Апсолутно не ми пречи да е тоа така затоа што премногу се дадовме сите по некакви споредни секојдневни потреби обврски да заборавивме колку малку квалитетно време поминуваме со семејството! Морам да признаам дека има моменти кога никој не ти пречи но имаш потреба да се издуваш надвор а самиот полициски час тоа не ти го дозволува тоа. Така да наоѓјаш некакво компромисно решение, читање, музика, серија/филм, готвенје, чистенје, средуење на фиоки- низ смеа вели Бени. Во тој дух ке го поминеме и претстојниот викенд,заедно со сите кои го слават Велигден со добра позитивна мисла и мир во срцата- вели Бени.
Валентина Ангеловска



