Советот за безбедност без Спасовски, Османи и Филипче

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче не дошле на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, објави „Независен“.

Тројцата функционери ги затече веста дека и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има корона вирус, а тие вчера беа на средба со него, иако беа заштитени со маски.

Од кабинетот на претседателот известија дека немало време место состанок во живо, да се организира видео конференција. Од таму посочуваат дека одамна применуваат посебни мерки, дека на сите присутни им се мери температура, дека се користат дезинфекциски сретства, дека сите вработени се со маски и се седи на дозволена далечина.

 

Треба да знаете
Последни објави