Сончево и потопло со слаб променлив ветер

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје наутро со температура околу нулата, а преку денот сончево и потопло Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Утре и в сабота следува период на сончево и стабилно време, при што дневните температури брзо ќе се покачат. Зголемување на облачноста ќе има в недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи од дожд кои ќе бидат повремено пообилни.

Треба да знаете
Последни објави