Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по денешнат прес-конференција потсети дека министрите не го послушале нивното барање да се откажат од платите, туку примаат минимална плата.
-Немањето желба да се поработи два месеци без пари, немањето желба доброволно да и се помогне на државата кога и е најтешко е уште еден од срамните моменти на власта на СДСМ. Не можам да прифатам дека по години министерски плати, репрезентации, службени дневници, мобилни телефони, автомобили- сега на Шекеринска, Димитров, Царовска или Манчевски им се неопходни 14,500 за да преживеат. Во услови кога и на образованието, и порај ветувањата им ги кратат примањата, со што дополнтелно ја туркаат спиралата за пад на економијата, се уште немаат доблест да дадат пример кој би го следеле функционерите, на пример оној директорот роднина на Дескоска со редовна плата од три илјади евра, рече Стоилковски.