Филипче: Групирања за време на празниците се забранети

Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата на коронавирусот, затоа уште еднаш да повторам дека категорично остануваме на ставот дека не смее да има собирања, групирања на граѓаните. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата, бројот на заразени очекувано расте и не смееме да дозволиме да се јават нови заразени од оние очекуваните. Групирањата се огромен ризик и празникот треба да се прослави соодветно на состојбата, изјави вечерва Венко Филипче, министерот за здравство којод денеск е во изолација по вчерашната средба со членови на Кризниот штаб во Куманово.

„Собирите се недозволиви, такви собири се забранети и одлуката на Владата треба да се почитува. Ако тоа не се почитува, даваме шанса после две недели да имаме пак пик. Овој празник може дома да се помине. Ништо нема да се изгуби. Ова е инвестиција во здравјето. Пикот на болеста го очекуваме кон крајот на април, а не потоа“, рече министерот.

Треба да знаете
Последни објави