Јунајтед со понуда за sвезда на Фиорентина

Манчестер јунајтед е подготвен со понуда за sвездата на Фиорентина, Федерико Киеса. Според англиските изданија, „црвените ѓаволи” се подготвени да им платат на „виолетовите” околу 70 милиони евра за напаѓачот.

Според медиумите во Англија, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не е задоволен од претставувањето на Даниел Џејмс и бара замена. Норвежанецот гледа совршен избор за нападот на „црвените ѓаволи” во лицето на италијанскиот репрезентативец.

Во Италија пишуваат дека Федерико Киеса започнал да учи англиски јазик, што веднаш ги засили гласините за негов трансфер на „Олд Трафорд”.

Пред една недела се зборуваше за интересот на Јувентус за напаѓачот. Според информациите, „бјанконерите” се подготвени да платат 50 милиони евра. Но, претседателот на Фироентина, Роко Комисо, повеќе би сакал договор со Манчестер Јунајтед отколку со Јувентус.

Ова не се должи само на подобрата финансиска понуда, туку и од тоа да не се даде sвездата на големиот конкурент во Италија.

Пред многу години, изби вистинска војна откако легендата Роберто Баџо се пресели од Фиорентина во Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави