Kазни од по 2.000 евра за 40 прилепчани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основен суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за непочитување на мерките на владата во услови на пандемија.

„Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19, во одделни кривично правни настани во временскиот период од 10 до 16 април.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави