Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека утре јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред.
Утре, дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација.
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.
ЈСП потсетува дека услугите можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје.
Согласно одлуката на Влада за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник, јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје.