Американка за еден ден станала побогата за 8,5 милиони долари

Пензионерката Дајана Лагуили нашла мултимилионска сума на својата сметка, но нешто веднаш и било сомнително. Кога се јавила во банката, сфатила дека има грешка.

„Таа бајка веднаш излета низ прозорецот“, вели пензионерката за ТV Wofl.

За 12 часа, таа добила телефонска порака дека погрешно уплатената сума исчезнала од нејзината сметка.

Тоа изненадување, кое не траело долго, ја инспирира пензионерката да купи продукти во Волмарт  за медицинска сестра на која и биле потребни . „Ми беше драго иако немав 8 милиони долари. Требаше да го видите нејзиното лице“, рече Лагуили.

 

Треба да знаете
Последни објави